Орбан: Украина нема да добие заем додека не се обноват испораките на нафта

Сподели со своите пријатели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека ставот на Унгарија останува непроменет – Украина нема да добие заем од 90 милијарди евра од Брисел додека не се обноват испораките на нафта преку нафтоводот „Дружба“.

Во видео порака, унгарскиот премиер рече дека неодамна разговарал со претседателот на Европскиот совет и словачкиот премиер Роберт Фиц за украинската нафтена блокада и истакна дека ставот на Унгарија останува ист и дека, доколку претседателот на Украина Володимир Зеленски сака да добие средства од Брисел, мора повторно да го отвори нафтоводот „Дружба“, објави унгарски „Немзет“.

Орбан објасни дека минатата недела украинската страна не примила унгарски експерти, дека не учествува во консултациите и дека отворено вели дека нема намера да дозволи премин на евтина руска нафта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шефовите на дипломатиите на Германија и Франција оценија дека е време за проширување на ЕУ

„Украина ја користи блокадата на нафтата за да се меша во изборите во Унгарија на страната на партијата Тиса. Затоа, од унгарска перспектива, ситуацијата е едноставна: ако нема нафта, нема ни пари“, рече Орбан.

Протокот на руска нафта преку нафтоводот „Дружба“ кон Унгарија и Словачка е прекинат од крајот на јануари, а и Словачка и Унгарија тврдат дека нафтоводот може да работи, но дека Украина нема да продолжи со испораките на нафта, пренесува Танјуг.