Британија размислува за испраќање дронови во Ормутскиот теснец

Сподели со своите пријатели

Британската влада размислува за испраќање беспилотни летала во Ормутскиот теснец за чистење на мини на таа важна рута за транспорт на нафта под блокадата на Иран, пишува британскиот весник „Гардијан“.

Техеран го блокираше теснецот како одговор на нападите од САД и Израел, што предизвика зголемување на цените на нафтата.

Велика Британија се одлучи за беспилотни летала поради загриженоста дека испраќањето бродови во Ормутскиот теснец, во согласност со поканата на американскиот претседател Доналд Трамп, може да ја влоши војната на Блискиот Исток.

Британскиот премиер Кир Стармер синоќа разговараше со Трамп за „важноста на повторното отворање на Ормутскиот теснец“, објави канцеларијата на британскиот премиер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Откриено е каде е новиот ирански лидер: Го чува светски лидер, се лекува во неговата резиденција

Во текот на викендот, Трамп ги повика земјите кои се потпираат на транзитот на нафта низ теснецот да помогнат во обезбедувањето на премин.

„Се надеваме дека Кина, Франција, Јапонија, Јужна Кореја, Велика Британија и други ќе испратат бродови во регионот, така што Ормускиот теснец повеќе нема да биде загрозен“, рече американскиот претседател.