Германија стои зад Шпанија откако САД се заканија со трговско ембарго

Сподели со своите пријатели

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул денес изјави дека Шпанија може да се потпре и да смета на солидарноста на Европската Унија и Германија во соочувањето со заканата од нови трговски бариери од Соединетите Американски Држави.

„Нема да дозволиме да бидеме поделени. Цврсто стоиме заедно“, рече Вадефул на прес-конференција со својот молдавски колега Михаи Попсој, објави Ројтерс.

Вадефул, исто така, нагласи дека Германија продолжува да ја поддржува Украина, и покрај загриженоста дека конфликтите во Иран би можеле да го поместат меѓународниот фокус.

„Нелегалната агресивна војна на Русија против Украина и поврзаната закана за целото нејзино соседство останува прашање број еден во безбедносната политика“, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шпанија ја испраќа фрегатата „Кристофер Колумбо“ на Кипар

Заканата на САД со трговско ембарго дојде откако Шпанија одби да ѝ дозволи на американската војска да ги користи нејзините бази за мисии поврзани со напади врз Иран, објави Танјуг.