Белата куќа: САД не нападнаа училиште во Иран, ние не таргетираме цивили

Сподели со своите пријатели

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, ги негираше извештаите дека САД можеби стојат зад нападот врз основно училиште за девојчиња во Иран, во кој загинаа повеќе од 165 лица, претежно деца.

За време на редовниот брифинг за медиумите, на директно прашање дали американската војска го погодила училиштето, таа одговори: „Не, колку што знаеме“.

Таа изјави дека Пентагон во моментов спроведува истрага и нагласи дека „Соединетите Американски Држави не таргетираат цивили“.

„Само би ви кажала многу цврсто, САД не таргетираат цивили, за разлика од одметнатиот ирански режим. Би ве предупредила да не покажувате со прст кон САД кога станува збор за таргетирање цивили, бидејќи тоа не е нешто што го прават овие вооружени сили“, рече таа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шпанија ја негираше Белата куќа: Не прифативме воена соработка

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, изјави претходно дека се истражуваат извештаите за воздушен напад врз основно училиште за девојчиња во јужен Иран.

Тој исто така рече дека САД „никогаш не таргетираат цивилни објекти“, но дека околностите на случајот се под истрага.

Нападот во училиштето се случи наутро на 28 февруари, кога американско-израелските напади го погодија основното и предучилишното училиште „Шаџара Тајаба“ во Минаб, покраината Хормозган, при што загинаа 165 ученици и наставници.

Соединетите Американски Држави и Израел го нападнаа Иран наутро во сабота, 28 март, во она што го нарекоа „превентивни напади“, кои се случија, како што велат, по неуспехот на неколку рунди преговори за нуклеарната програма на Иран.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран тврди дека спречил обид за „прекугранични напади од страна на сепаратисти“

Потоа Иран започна масовни одмазднички напади против Израел и цели поврзани со САД низ регионот на Блискиот Исток.