Малолетник нападнат од врсник во училишен двор во Куманово

Сподели со своите пријатели

Триесет и едногодишна кумановка пријавила дека нејзиниот малолетен син бил нападнат од врсник во училишниот двор.

– На 03.03.2026 во 14:09 часот во СВР Куманово, А.С.(31) од Куманово пријави дека во училишен двор на основно општинско училиште во Долно Којнаре, кумановско, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сопруг и свекор нападнале 29-годишна кумановка