Израел: Секој нов ирански врховен лидер ќе биде елиминиран

Сподели со своите пријатели

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека секој иден наследник на врховниот лидер на Иран Али Хамнеи ќе биде „недвосмислена цел за елиминација“.

Директна закана за Техеран

„Секој лидер назначен од иранскиот терористички режим да продолжи да го спроведува планот за уништување на Израел, да им се заканува на САД, слободниот свет и земјите во регионот и да го угнетува иранскиот народ ќе биде недвосмислена цел за елиминација“, се вели во изјавата на Кац.

„Не е важно како се вика или каде се крие“, додаде тој.

Кац, исто така, најави континуиран ангажман со САД.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран го погоди и земјотрес

„Ќе продолжиме да дејствуваме со полна сила, заедно со нашите американски партнери, со цел да ги разбиеме можностите на режимот и да создадеме услови за иранскиот народ да го собори и замени“, заклучи израелскиот министер за одбрана.