Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, изјави дека нема да им се придружи на САД и Израел во нападот врз Иран, пишува Би-Би-Си.
Стармер додаде дека САД побарале дозвола за користење на британските бази за запирање на иранските ракети и дека тој ја дал „за да го спречи Иран да продолжи да испукува ракети во регионот“ и да убива цивили, пренесува Би-Би-Си.
Сепак, тој нагласи дека Обединетото Кралство нема да се придружи на нападите на САД и Израел.

