Небото над Иран по нападот остана празно (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Откако Израел и САД ги потврдија нападите врз Иран, иранските власти решија целосно да го затворат воздушниот простор.

Тензиите на Блискиот Исток дополнително ескалираа откако Израел и Соединетите држави потврдија дека започнале напади врз цели во Иран.

Станува збор за потег кој веднаш предизвика реакција од Техеран и отвори ново поглавје во и онака сложените регионални односи.

Состојбата се развива со голема брзина, а последиците се видливи и во воениот и во цивилниот сообраќај.

Иранските сили објавија дека започнуваат контранапад, се вели во соопштението објавено на Телеграм од полуофицијалната новинска агенција Тасним.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ајатолахот и претседателот на Иран се префрлени на безбедна локација

„Како одговор на непријателскиот и криминален напад врз Исламската Република Иран, започна првиот широк бран на ракетни и беспилотни напади од страна на Исламската Република Иран кон окупираната територија“, се вели во соопштението.

 

 

Истовремено, Техеран рече дека одговорот ќе биде поразителен и одлучувачки, нагласувајќи дека нема да го остави нападот без последици.

Најавата за широк бран ракетни и напади со беспилотни летала дополнително го подигна нивото на подготвеност во регионот.

Откако Израел и САД ги потврдија нападите врз Иран, иранските власти одлучија целосно да го затворат воздушниот простор најмалку до 13:00 часот по средноевропско време.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Настаните во Иран под будното око на Брисел

Сите авиони кои во тој момент биле во иранскиот воздушен простор почнале да ја напуштаат земјата или биле пренасочени на алтернативни рути.

Сличен потег направи и Израел, кој го затвори својот воздушен простор за сите летови, освен за оние со претходно одобрение, најмалку до 11:00 часот по средноевропско време.

Се очекува оваа мерка да биде продолжена, во зависност од натамошниот развој на безбедносната состојба.

Додека Иран спроведува акција за целосно затворање на својот воздушен простор, над Техеран, главниот град, забележани се борбени авиони на иранските воздухопловни сили (ИРИАФ) од типот МиГ-29.

Нивното присуство во воздухот се толкува како дел од засилени одбранбени мерки и демонстрации на подготвеност во време на зголемени тензии.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ОАЕ и Бахреин ги осудија иранските напади, се заканија со одговор