ЈП „Водовод“ Куманово започна акција за целосна санација на прекопите низ градот

Сподели со своите пријатели

Јавното претпријатие „Водовод“ – Куманово започна обемна акција за целосна санација и асфалтирање на сите прекопи настанати по интервенции на водоводната и канализационата мрежа.

Како што информираат од претпријатието, целта е сите улици и јавни површини да бидат вратени во нивната првобитна состојба по извршените поправки.

 

 

Акцијата стартува од централното градско подрачје, а потоа ќе продолжи со ист интензитет и во останатите населби во Куманово каде што во изминатиот период имало работни активности.

Планирано е сите локации да бидат опфатени и уредени во рок од 15 дена активна работа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поплавени земјоделски површини во липковско, врнежите продолжуваат

Од ЈП Водовод Куманово нагласуваат дека екипите и потребниот асфалт се веќе подготвени, а единствениот фактор што може привремено да го забави процесот се временските услови, односно дождот.

За квалитетна санација неопходна е сува подлога, но веднаш штом временските услови ќе дозволат, екипите повторно ќе излезат на терен.

 

 

Воедно, од претпријатието упатуваат апел до граѓаните активно да се вклучат и да пријават доколку во нивното маало постои прекоп кој не е соодветно закрпен по интервенција на ЈП Водовод.

Граѓаните можат да достават фотографија и точна локација, по што службите ќе ги проверат пријавите и ќе ги вклучат во тековната акција, доколку станува збор за интервенции извршени од претпријатието.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  КФСМ им се заблагодари на Куманово и Кумани за фер и спортско навивање

Од ЈП Водовод Куманово апелираат за трпение и разбирање додека траат активностите, со цел, како што наведуваат, „заедно да ги средиме улиците и да обезбедиме поквалитетна урбана средина за сите граѓани“.

Никола Ивановски