Димитриевски со остра осуда за нападот врз пожарникарите, бара итно расветлување на случајот

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска упати остра осуда за нападот врз тројца пожарникари од ТППЕ Куманово.

Тој во својата објава вели дека е недозволиво напад врз службено лице, особено пожарникарите кои заслужуваат почит.

– Најостро го осудувам нападот што вчера се случи врз тројца пожарникари од Противпожарната единица Куманово. Недозволиво е напад на службени лица при вршење на својата службена должност. Пожарникарите, како и сите лица кои се во служба на чување на безбедност на граѓаните заслужуваат почит, а не физички напади, рече Димитриевски.

Тој упати апел институциите итно да го расчистат случајот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Одземен автомобил на 35-годишен кумановец, возел иако немал право

– Апелирам надлежните институции итно да реагираат и да постапат согласно законот. Секој сторител на вакво дело треба да сноси одговорност, додава градоначалникот.

Инаку, вчера попладне две лица од Куманово нападнале тројца пожарникари пред зградата на Тертироијалната противпожарна единица.

Од СВР Куманово, велат дека напаѓачите се приведени.

Никола Ивановски