25-годишник нападнал 86-годишна жена во кумановско Челопек

Сподели со своите пријатели

Дваесет и петгодишник од селото Малотино бил приведен по пријава дека физички нападнал 86-годишна жена од селото Челопек.

– На 09.02.2026 во 21:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Т.Б.(25) од село Малотино, општина Старо Нагоричане, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој се сомничи дека во село Челопек физички ја нападнал Р.Т.(86) од село Челопек.

– Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја утре делови од Куманово