Акцијата за расчистување и отстранување на хаварисани и отпадни возила од јавните површини во Куманово продолжува и во наредниот период, во согласност со донесената Одлука за комунален ред од страна на Советот на Општината.
Надлежните институции информираат дека постапката за отстранување на ваквите возила е сложен процес, но се преземаат конкретни чекори за негово забрзување и поефикасна реализација, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и подобрување на јавниот ред, особено во централното градско подрачје.

Во рамки на активностите е воспоставена координација меѓу Општина Куманово, СВР – Куманово, Отсекот за управни работи – ОУР Куманово, Секторот за инспекциски надзор – инспекторат, како и Секторот за комунални работи и инфраструктура, сообраќај и заштита на животната средина и природата.
Надлежните служби продолжуваат со информирање на јавноста за постапките за расчистување и отстранување на возилата кои подолг временски период се наоѓаат на јавни површини, паркинзи на јавни претпријатија, тротоари, како и во семејни дворови, со цел целосно решавање на проблемот во интерес на граѓаните.
Никола Ивановски

