Триесет и петгодишен кумановец бил приведен и останал без својот автомобил откако полицијата констатирала дека возел со над 2 промили алкохол.
– На 03.02.2026 во 17:30 часот на автопат Куманово – ГП Табановце полициски службеници од Мобилна единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода Б.Ѓ (35) Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од МВР, при контрола полициските службеници сопреле моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Ѓ. и по извршен алкотест било констатирано дека возачот е под дејство на алкохол, односно дека управува моторно возило со 2,09 промили алкохол во крвта.
– Б.Ѓ. е лишен од слобода и е задржан во полициска станица за понатамошна постапка, а возилото е одземено, стои во соопштението.
Никола Ивановски

