Средношколци од осум општини настапија на третата ораторска вечер во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во Занаетчискиот дом во Куманово синоќа се одржа третото издание на Ораторската вечер, во организација на Општинска организација на Црвен крст Куманово.

Настанот привлече бројна публика и млади учесници од повеќе градови низ државата.

На ораторската вечер настапија средношколци од Куманово, Струмица, општина Гази Баба (Скопје), Охрид, Виница, Битола, Крива Паланка и Гевгелија, кои претходно се пријавиле на конкурсот и се избориле за учество во финалната вечер.

 

 

Тие со своите говори се претставија пред стручна комисија составена од професори, писатели и волонтери на Црвениот крст на РСМ.

Преку манифестацијата беа промовирани хуманите принципи, солидарноста и универзалната мисија на Црвениот крст, со цел поттикнување на младите кон активно граѓанство и хуманитарно делување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ нови цени на дел од горивата

 

 

Организаторите истакнаа дека ваквите активности придонесуваат за зајакнување на меѓуинституционалната соработка и поврзување на младите од различни средини.

На присутните со пригоден говор им се обрати Мила Петрушевска, член на Советот на Општина Куманово, која ја нагласи важноста од негување на говорничките вештини кај младите и нивната улога во промоцијата на хуманите вредности во општеството.

 

Никола Ивановски