Куманово меѓу 62 европски региони во престижна ЕУ програма за климатска адаптација

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово направи значаен исчекор во насока на справување со климатските предизвици, откако е селектирана како една од 62-те региони во Европа вклучени во европската програма „Pathways2Resilience“.

Станува збор за иницијатива поддржана од Европската унија, наменета за зајакнување на капацитетите на локалните самоуправи за адаптација на климатските промени.

Активностите во рамки на проектот ќе започнат во јануари 2026 година, а неговата реализација е планирана да трае до јули 2027 година.

Во текот на овој период, Куманово ќе биде дел од мрежа на европски региони кои ќе работат на развој на иновативни и применливи решенија за климатска отпорност.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Утре без струја овие делови на Куманово

Програмата е фокусирана на унапредување на подготвеноста на општините за справување со се почестите екстремни временски појави, меѓу кои поплави, суши и долготрајни топлотни бранови.

Посебен акцент се става на стратешко планирање, меѓуинституционална соработка и активно учество на граѓаните во процесите на одлучување.

Со приклучувањето кон „Pathways2Resilience“, Општина Куманово ќе работи на изработка на долгорочна стратегија за климатска отпорност, дополнета со конкретни мерки и инвестициски насоки.

Никола Ивановски