Франција на чекор од забрана на социјални мрежи за децата

Сподели со своите пријатели

Доколку предложениот закон се усвои, забраната за социјални мрежи за деца под 15 години во Франција ќе стапи на сила на 1 септември оваа година, изјави денес поранешниот француски премиер Габриел Атал.

Француските пратеници денес ќе гласаат за предложениот закон за забрана на социјални мрежи за лица под 15 години.

Законот го предложија членовите на групата Ренесанса во Националното собрание.

„Ова е одлучувачки чекор. Доколку законот се усвои, забраната за нови профили што ќе се креираат ќе стапи на сила на 1 септември“, рече Атал во изјава за RTL.

Законот ќе се дискутира почнувајќи од 16 часот и, доколку не се појават непредвидени околности, се очекува да добие зелено светло од Националното собрание.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Брутална снежна бура ја парализираше Америка: Откажани 14.000 летови, има жртви

Текстот потоа ќе биде испратен до Сенатот, а според Атал, треба да се разгледа кон средината на февруари.

Тој верува дека законот може да се усвои во рок од еден месец.

„Платформите на социјалните медиуми ќе имаат рок до 31 декември да ги деактивираат постојните сметки што не ги почитуваат правилата. Ова е борба што ја водам две и пол години за да ги заштитам нашите млади луѓе, нашите деца, да се борам против училишното малтретирање“, заклучи поранешниот премиер.