Андреа од Куманово со медал – ја освои третата позиција на Top Model Europe (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

17-годишната Андреа Стојмановска од Куманово оствари голем меѓународен успех, освојувајќи го првото место на натпреварот Top Model Europe Balkans, а воедно се пласираше и меѓу најдобрите три на финалето на европското издание на Top Model Europe, кое се одржа во Брисел.

Овој резултат се смета за историски успех за Македонија, имајќи предвид дека Стојмановска се најде во самиот врв меѓу 90 учесници од 25 европски земји.

 

 

Со освоениот медал и високото пласманско место, таа се издвои како една од најперспективните млади манекенки на европската модна сцена.

Успехот ѝ отвора нови можности за соработка со реномирани меѓународни манекенски агенции, што подразбира професионални фотосесии, учество на модни ревии и ангажмани во модни кампањи на глобално ниво.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се тампонираат патеките на градските гробишта во Куманово (ФОТО)

 

 

Ова претставува значаен чекор во нејзиниот професионален развој и дополнителна промоција на Македонија во светот на модата.

„Горда сум што имав можност да ги претставувам Куманово и Македонија на вакво високо ниво. Овој успех ми значи многу и се надевам дека ќе биде мотивација за другите млади луѓе да веруваат во себе и да ги следат своите соништа“, изјави Андреа Стојмановска.

 

 

Нејзината победа се оценува не само како личен успех, туку и како инспиративен пример за младите во Македонија кои се стремат кон кариера во модната индустрија.

Никола Ивановски / Photo: Patrick Couwenberg