Кумановец прегазил полицаец и избегал, тие пукале во воздух, кога го фатиле ги нападнал

Сподели со своите пријатели

Вистинска драма се случувала вчеравечер во кумановско откако 28-годишник наместо да застане на даден знак, удрил во полицаец, па бегал од полицијата.

– На 14.01.2026 во 23:30 часот  во с.Романовце, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.Ч.(28) од с.Романовце, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, околу 22:30 часот во село Отља, липковско, тој не застанал на даден знак за запирање и со возилото „ауди а3“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во полициски службеник и продолжил со движење.

– Во близина на село Романовце тој застанал, го напуштил возилото и почнал да бега, по што еден од полициските службеници испукал два предупредувачки куршуми во воздух, додаваат од МВР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куманово меѓу општините кои потрошиле најмалку пари за новогодишно украсување

Набргу лицето било стигнато и фатено, при што пружал отпор и физички нападнал полициски службеник.

– С.Ч. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски