Шолц: Путин однапред ја планирал војната против Украина

Сподели со своите пријатели

Поранешниот германски канцелар Олаф Шолц денес оцени дека рускиот претседател Владимир Путин донел одлука за започнување на голем напад врз Украина најмалку две години пред 24 февруари 2022 година и дека „намерно го избрал патот на војната“.

„Денес сум цврсто убеден дека Путин го планирал својот напад две години однапред и дека речиси ништо не можело да го одврати од него“, рече Шолц во Берлин за време на презентацијата на книгата „Неуспех“ (Das Versagen), посветена на критичка анализа на германската политика кон Русија, објавува „Велт“.

Шолц истакна дека Путин можел да ги постигне своите сериозни барања, како што се отфрлањето на членството на Украина во НАТО или нераспоредувањето ракети со долг дострел на украинска територија, без да прибегне кон вооружен конфликт.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија: Двајца лекари приведени по смртта на девет бебиња во сибирско породилиште