Трамп посочи која земја е неговата следна цел: „Сега одиме на нив!“

Сподели со своите пријатели

Во првото обемно интервју по апсењето на Николас Мадуро, американскиот претседател Доналд Трамп изјави за Фокс њуз дека интервенцијата во Венецуела е само вовед во поширока стратегија.

Тој најави интензивирање на американските воени и безбедносни активности против мексиканските нарко-картели и за прв пат детално зборуваше за околностите што доведоа до падот на режимот во Каракас.

Трамп истакна дека САД успеале да намалат речиси 97 проценти од шверцот со дрога преку поморските патишта, но нагласи дека сега клучната борба се префрла на копнените граници.

Според него, криминалните организации во Мексико имаат вистинска контрола врз земјата, а САД ги плаќаат последиците од нивните постапки со десетици и стотици илјади изгубени животи годишно.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ватикан апелира САД да му дадат излез на Мадуро и да му биде дозволено да бара азил во Русија

„Картелите владеат со Мексико денес. Ужасно е да се гледа. Тие убиваат стотици илјади наши граѓани секоја година. Сега одиме по нив“, изјави Трамп за Фокс њуз.

Тој ја опиша својата доктрина за надворешна политика, која неговите поддржувачи ја нарекоа „Донро доктрина“, како политика на цврста регионална безбедност, без отстапки кон нелегалната миграција и трговијата со дрога.

Зборувајќи за самата операција во Венецуела, Трамп ја опиша американската војска како исклучително прецизна и ефикасна.

Тој изјави дека Мадуро се наоѓал во силно заштитена резиденција во воена база, која ја чувале илјадници војници, но американските сили, и покрај ова, успеале да ја пробијат одбраната и да ја извршат операцијата без никакви сопствени загуби.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жителите на Гренланд се изјаснија: „Не сакаме да бидеме ниту Американци ниту Данци“

Тој ја оцени мисијата како една од најдобро изведените во поновата историја.

Во врска со иднината на Венецуела, Трамп рече дека земјата влегува во нова фаза на соработка со САД.

Тој потврди дека ќе ги угости лидерите на 14-те најголеми нафтени компании во Белата куќа, со цел обнова на уништената нафтена инфраструктура.

Според неговите проценки, станува збор за проекти вредни неколку милијарди долари, кои треба да донесат придобивки и за Венецуела и за американската економија.

Тој најави и средба со лидерката на опозицијата Марија Корина Мачадо, која, како што рече, му ја понудила Нобеловата награда за мир како знак на благодарност за „ослободувањето на земјата“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп ја отфрли идејата за операција за „фаќање“ на Путин како Мадуро

На крајот од разговорот, Трамп се осврна и на Иран, каде што во последните денови се одржуваат масовни протести против режимот.

Тој ги предупреди властите во Техеран дека Вашингтон нема да толерира насилство врз цивилите и рече дека САД внимателно ја следат ситуацијата.

„Иран не видел вакви сцени со години. Луѓето излегоа на улиците“, рече Трамп, додавајќи дека САД ќе одговорат многу решително доколку режимот повторно прибегне кон масовни убиства и егзекуции на сопствените граѓани.