Времето денеска низ Македонија ќе биде облалачно со повремени локални врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 6 до 14 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со слаб до умерено засилен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи околу 8 степени, додека максималната дневна се очекува да се искачи до 13 степени целзиусови.

Утре низ кумановско ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерено засилен јужен ветер. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 8 степени, а максималната дневна ќе достигне 12 степени целзиусови.
Во среда ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина и до 50 километри на час. Утринската температура ќе се движи околу три степени под нулата, а максималната дневна ќе се искачи до 11 степени целзиусови.
Четврток носи облачно време со врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и североисточен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални -6 до максимални 0 степени целзиусови.

Променливо облачно време ќе имаме во четврток, кога ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу еден степен под нулата, а максималната ќе достигне 4 степени целзиусови.
Облачно време со врнежи од дожд ќе имаме во сабота. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу -1 степен, а максималната дневна ќе се искачи до 8 степени целзиусови.
Недела носи облачно време со врнежи од снег и слаб до умерено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти пет степени под нулата, а дневниот максимум ќе се искачи до 3 степени целзиусови.

Следната недела не очекува претежно стабилно време со повеќе сончеви периоди.
Никола Ивановски

