Кумановецот YUNGKILLA ја претстави новата песна „Мили Мили“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Младиот музички артист YUNGKILLA од Куманово ја претставува својата најнова песна со наслов „Мили мили“, со која продолжува да го гради својот препознатлив музички израз на домашната сцена.

Зад уметничкото име YUNGKILLA стои Кристијан Стојановски, кој и овојпат се потпишува како автор на текстот и продуцент на песната.

Музичкиот проект е реализиран во соработка со YUNGZONE, кој беше задолжен за миксот и мастерингот, обезбедувајќи современ и чист звук.

Видеоспотот за песната е режиран, монтиран и колор-коригиран од YUNGZONE, додека снимањето го реализираа Вероника Саздовска и Алекс Каранфиловски.

За сценографијата беа задолжени YUNGZONE и Вероника Саздовска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Таско и Лука Чомбе со нов сингл „BIG SHOW“ (ВИДЕО)

Како изгледа и звучи најновото музичко парче на овој млад кумановски артист, слушнете во продолжение:

 

Никола Ивановски