МРК Куманово со убедлива победа ја заврши 2025 година

Сподели со своите пријатели

Ракометарите на Куманово забележаа убедлива победа над РК Струга на вчерашниот натпревар кој го играа на домашен терен, со резултат 32-19.

Избраниците на тренерот Љубиша Димковски имаа контрола врз резултатот и играта на теренот од почетокот, па се до крајот на средбата, а можност за настап добија сите играчи во тимот.

Најдобри стрелци кај МРК Куманово беа Александар Стојков и Борјан Цековски со по шест постигнати гола, додека кај Струга, Стефан Атанасовски погоди вкупно шест пати.

Овој натпревар е последен за оваа година пред стартот на подготовките на машката ракометна репрезентација пред настапот на ЕП во Скандинавија кое ќе се одржи во јануари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец измамил две семејства за летување, им земал 6.000 евра

Никола Ивановски