Тинејџер нападнал чувар и ученик со нож во училиште во Московскиот регион, а детето им подлегнало на повредите, соопшти Рускиот истражен комитет.
„Утрово, во образовна институција лоцирана во селото Горки-2 во градскиот округ Одинцово, малолетник со нож избодел чувар и ученик. Детето починало како последица на повредите“, соопшти Истражниот комитет, пренесува Интерфакс.
Сите околности на инцидентот се утврдуваат, соопштија руските власти.
Исто така, беше наведено дека напаѓачот е неутрализиран и приведен, пренесува Интерфакс.
Според полицијата на Московскиот регион, повикот за вонредната состојба бил примен во 9 часот наутро.
Според извештајот, „еден ученик избодел чувар, го испрскал со бибер спреј, а потоа избодел 10-годишен ученик, кој починал од раните“.

