Израелската разузнавачка агенција Мосад апелираше до земјите ширум светот, особено во Европа, да ги зголемат безбедносните мерки за јавни настани по повод празникот Ханука, објавија хебрејските медиуми.
Препораката доаѓа поради страв од можни напади инспирирани од неодамнешниот терористички напад на плажата Бонди во Австралија, објави „Тајмс оф Израел“.
Безбедносните претставници предупредуваат дека собирите за време на еврејскиот празник, како и божиќните пазари, би можеле да бидат цел на терористички групи.
Препораката на Мосад вклучува дополнителни мерки за надзор и координација со локалните безбедносни служби за намалување на ризикот за јавноста.
Во Австралија, татко (50) и син извршија вооружен напад на плажата Бонди, при што беа убиени 15 лица кои го славеа еврејскиот празник Ханука, вклучувајќи и 10-годишно девојче, а повеќе од 40 повредени лица беа пренесени во болница.

