Отворен конкурсот за осмото издание на фестивалот на краток филм ФИЛМАЈ 2026

Сподели со своите пријатели

Од понеделник, 1 декември 2025 година, започна приемот на филмови за осмото издание на ФИЛМАЈ, фестивалот на краток филм што го организира фото-кино клубот „Козјак“ од Куманово.

Авторите може да ги испратат своите кратки играни остварувања преку платформите FilmFreeway и Festhome, а право на учество имаат филмови со траење до 20 минути, завршени по 1 јануари 2024 година. Конкурсот ќе биде отворен до 8 март 2026 година.

Организаторите најавуваат дека и годинава ќе бидат доделени наградите „Лазар Ѓорѓевиќ“ за најдобра режија, „Радислав Ристевски“ за најдобра фотографија и кинематографија, „Козјак“ за најдобро сценарио, како и наградата „ФИЛМАЈ“ за најдобар краток филм.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Релативно топло денски, кочан ладно наутро

Македонските филмови што ќе конкурираат за признанието за најдобар домашен филм истовремено ќе се натпреваруваат и во меѓународната конкуренција за сите останати награди.

Никола Ивановски