Кошаркарите на Куманово утре го пречекуваат составот на Тиквеш Голден Игл во рамки на домашниот кошаркарски шампионат.
На мечот се очекува да дебитира новото засилување на клубот, српскиот интернационалец Немања Николиќ кој доаѓа на местото на Драшко Кнежевиќ кој неодамна го напушти ростерот.
Николиќ игра на шутерската позиција, има 27 години, висок е 196 сантиметри. Во својата досегашна кариера настапувал за тимовите на Игокеа, Борац, Спарс и Слога.
View this post on Instagram
Избраниците на Марин Докузовски имаа доволно време поради репрезентативната пауза, да ги премостат двата врзани порази од лидерите во табелата, екипите на ТФТ и Пелистер и се очекува утре да влезат како фаворити во дуелот.
Мечот стартува во 19 часот, во Спортската сала Куманово, а билети може да се набават онлајн или пред самиот натпревар.
Никола Ивановски

