Тешка сообраќајка кај „Чоче“, едно лице заврши на скопските клиники

Сподели со своите пријатели

Четириесет и осумгодишен кумановец со тешки повреди е пренесен на скопските клиники по сообраќајка која ноќва се случила кај м.в. „Чоче“ во Куманово.

– На 01.12.2025 година околу 00.17 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од булевар “Октомвриска револуција” , “Иво Лола Рибар” и Ѓорче Петров” во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “поло” со кумановски регистарски ознаки управувано од Н.Т.(22) од село Никуљане, Општина Старо Нагоричане и патничко моторно возило “поло” со штипски регистарски ознаки управувано од Д.К.(48)од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вандали ноќва ја искршиле фонатаната во Соколански парк (ФОТО)

Во незгодата, како што додаваат од полицијата, со повреди се здобил возачот Д.К. и бил префрлен на клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид бил извршен од екипа од СВР Куманово.

Според информациите кои ги добивме утринава од терен, во сообраќајката целосно е уништена и дел од сообраќајната сигнализација, односно семафорите на крстосницата.

Никола Ивановски