Карате клубот „Ронин Доџо“ од Куманово со три медали од турнир во Белград (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Карате клубот „Ронин Доџо“ од Куманово освои три медали на Меморијалниот турнир „Мирослав Вучиниќ“, што викендов се одржа во Белград, Република Србија.

Со сребрени медали се закитија Дамјан Стојановски во категорија помлади кадети (2012/2013) во кати и Бојана Денковска во јуниорска конкуренција, исто така во кати.

 

 

Бронза освои Кирил Младеновски во кадетска категорија.

Солиден настап имаше и Милица Кипријановска во категоријата 2012/2013, но овојпат не успеа да се избори за место на подиумот.

 

 

Тренерот на клубот, Оливер Милорадовски, истакна дека е задоволен од настапот, но и дека ќе се стремат кон уште подобри резултати во иднина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Комбинација од сонце и дожд

„Уште еднаш израбивме без грешки и докажавме дека со упорна работа може да направиме добар резултат. Секогаш сум самокритичен и ќе барам повеќе работа во иднина. Мора и може да работиме подобро и тоа ќе ја поправи сликата со медалјите,“ изјави Милорадовски.

 

 

На натпреварот учествуваа околу 750 каратисти со повеќе од 1.000 настапи од Србија, Македонија, Бугарија, Унгарија, Италија, Романија, Молдавија, Босна и Херцеговина, Словенија, Јапонија, Киргистан и други земји.

Никола Ивановски