Сподели со своите пријатели Средовечен кумановец вчера се самоубил во својата семејна куќа, лоцирана на улицата „Кирил и Методиј“, потврди денеска МВР. Тој бил пронајден обесен во 21.15 часот. Лекар од Здравствениот дом-Куманово констатирал смрт без траги на насилство. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во согласност со јавен обвинител, телото на кумановецот е предадено на семејството. 2016-08-24