Меѓународен пара-пинг понг турнир утре во Куманово

Сподели со своите пријатели

Меѓународен пара-пинг понг турнир утре со почеток од 09:30 часот ќе се одржи во спортската сал на Гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово.

Како што информира Бранимир Јовановски од Клубот за спорт и рекреација на инвалиди од Куманово, турнирот ќе има меѓународен карактер и ќе учествуваат 22 лица со инвалидност.

Покрај натпреварувачи од Македонија, учество ќе земаат и спортисти од Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија и Србија.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец со нож се обидел да нападне брачен пар