СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Т. (53) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижност“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Пријавениот во текот на 2015 и 2016 година со намера да се стекне со владение без никаков правен основ, завземал две катастарски парцели во катастарска општина Младо Нагоричане – сопственост на Република Македонија со вкупна површина од 12.845 м2 и истите ги засеал со житни култури.