Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови во форма на невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи.
Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m 2 ).
Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Денеска низ Македонија ќе имаме променливо облачно со сончеви периоди.
Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за слаб локален дожд.
Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20 степени.
Никола Ивановски

