Димитриевски: Мнозинството од централната власт ќе биде претставено и на локално ниво (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Мнозинството во Советот на Општина Куманово ќе биде исто како и на централната власт, соопшти денеска градоначалникот Максим Димитриевски.

– Повеќе од јасно е дека мнозинството кое е во централната власт застапено исто така ќе биде претставено и на локално ниво, а за деталите секако ќе бидете дополнително известени, изјави Димитриевски.

 

 

На централно ниво коалицираат Движење ЗНАМ – За наша Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН, но засега останува нејасно кон која коалиција ќе се припојат советниците од ДПСМ. Тие на централно ниво се дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, но на локалните избори настапија со сопствена листа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пет медали за КБК „Предатор“ на Интернационален Куп во Хрватска

Во однос на претседателското место, старо-новиот градоначалник исто така не сакаше да открие детали.

– Немало никакви договори во однос на распределба на места во предизборниот период, ниту пак предизборни коалиции, имаше отворени поддршки од страна на ЗНАМ кон кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ низ целата држава, воедно и на ВЛЕН, а исто така јас како кандидат на ЗНАМ ја добив поддршката од нашите партнери на централно ниво, ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН и немало такви преговори и разговори, тоа ќе се случува во следните денови. Кој ќе биде следниот претседател на Советот ќе видиме на самата конститутивна седница на Советот, изјави градоначалникот.

Општинската изборна комисија Куманово денеска во свечената сала во Општина Куманово им ги врачи уверенијата на градоначалникот Максим Димитриевски и 31 член на новиот Совет.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Уште денес дожд, а потоа постудени утра

Осум различни советнички групи ќе има новиот состав на Советот на Општина Куманово.

Новитет за овој состав на советот е што за прв пат тој ќе брои 31, наместо 33 членови како во минатото. Причината е што на последниот попис Општина Куманово падна под 100.000 жители.

Никола Ивановски