Кина го пушти во употреба својот трет носач на авиони

Сподели со своите пријатели

Кина го пушти во употреба својот трет носач на авиони, својот најголем и најмодерен брод од ваков вид досега.

Со церемонијата, на која присуствуваше претседателот Си Џинпинг, Кина одбележа важен момент во модернизацијата на својата морнарица во споредба со американската, објави денес агенцијата Синхуа.

Носачот на авиони Фуџијан, значително помодерен и помоќен од неговите два претходници, е опремен со електромагнетен систем на катапулт, технологија што му овозможува да лансира повеќе видови авиони, потешко вооружени и со поголем обем на активност од неговите два претходници.

Единствениот друг носач на авиони опремен со системот е Џералд Форд на американската морнарица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хаос на белгиските аеродроми. Дронови парализираа летови, војската е во готовност

Фуџијан е со конвенционален погон (не нуклеарен).

Кина има уште два носачи на авиони во активна служба – Лиаонинг, кој беше купен од Украина во 2000 година, и Шандонг, првиот носач на авиони изграден во Кина во употреба од 2019 година.

Но, тие не се толку модерни технички опремени како Фуџијан.

Повеќето аналитичари сè уште проценуваат дека Кина, која е во поморско соперништво со Вашингтон во Јужното Кинеско Море и околу Тајван, сè уште далеку заостанува зад Американците во однос на капацитетот за лансирање авиони, објавува агенцијата Франс Прес.