Голем број кумановски села втор ден без струја

Сподели со своите пријатели

Голем број села ни зкумановскиот крај веќе втор ден немаат напојување со електрична енергија.

До нашата редакција утринава се обратија жители од повеќе села, меѓу нив и од селото Клечовце од каде велат дека веќе два и пол дена нема струја.

Иако од ЕВН утринава за Кумановски Муабети изјавија дека во дел од селата снабдувањето е нормализирано, жителите велат дека тоа не е точно.

Храната што ја имале како залиха, велат дека секако ќе ја фрлат, но и сточарите ќе мора да го расипат млекото кое го продаваат на млекарниците.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Низа кумановски села цел ден оставени без струја

– Ништо не е нормализирано. Кој и како ќе им ја оправда штетата на стоачрите кои имаат млеко и го даваат на три дена во млекарница, а во меѓувреме го чуваат дома, прашува жител на селото.

Реакции стигнаа и од жители од Довезенце и Јачинце, кои ги имаат истите маки.

Од ЕВН Електродистрибуција велат дека проблемот е испад на далекувод од 20кВ, поради кој дел од селата вчера останале без електрична енергија.

– Екипите на Електродистрибуција веднаш излегоа на терен и го нормализираа снабдувањето со електрична енергија за поголемиот дел од засегнатите села. Тие продолжуваат со работа се до целосна санација на дефектот и нормализирање на снабдувањето и за преостанатиот дел од корисниците, велат од Електродистрибуција во кусиот одговор кој го побаравме уште вчеравечер, а го добивме утринава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Патник бил агресивен кон вработените на ГП Табановце, имал 1,4 промили алкохол

На контакт центарот за пријавување дефекти има снимено и автоматска порака која известува дека без струја се селата: Стрезовце, Јачинце, Довезенце, Бељаковце, Канарево, Добрача, Дренак, Облавце, Сув Орах, Војник и околината.

Вчера без струја беше и дел од населбата Перо Чичо, но како што дознаваме, таму утринава снабдувањето е нормализирано.

Мештаните на селата го губат трпението, а кога ќе се нормализира снабдувањето засега не е познато.

Никола Ивановски