МРК Куманово официјално го претстави своето најново засилување — бразилскиот ракометар Габриел Гуедес.
Тој игра на позиција десен бек, висок е 186 сантиметри и тежок 90 килограми.
Гуедес потпиша договор на една година со можност за продолжување и во наредната сезона.
Со тоа, клубот го зацврстува својот ростер во пресрет на натпреварите кои следат.
Новото засилување ќе има право на настап веќе на утрешниот натпревар против ГРК Тиквеш од Кавадарци, кој ќе се одигра во Спортската сала во Куманово со почеток од 20 часот.
Никола Ивановски

