Голем настан за Митровден во селото Тромеѓа – ќе настапат и познати музички имиња

Сподели со своите пријатели

По повод празникот Свети Димитриј – Митровден, во петок на 7 ноември 2025 година со почеток во 18 часот, ќе се одржи голем настан во црквата во кумановското село Тромеѓа.

На празничната прослава ќе настапат познатите изведувачи Орце Стефковски, Јована Богдановска и Гоце Синтезис, кои ќе се погрижат за одлична атмосфера и богата музичка програма.

Претходно, истиот ден, со почеток во 16 часот, свештени лица ќе одржат и литургија во црквата.

Организаторите ги покануваат сите граѓани да присуствуваат и заеднички да го одбележат Митровден, еден од најголемите есенски христијански празници.

„Ве очекуваме во голем број“, порачуваат домаќините од Тромеѓа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Цитроен“ излета кај Страцин, тројца повредени

Никола Ивановски