Уапсени петмина осомничени за големиот грабеж во Лувр

Сподели со своите пријатели

Француската полиција уапси трет осомничен поврзан со дрскиот грабеж во музејот Лувр во Париз, јавува телевизијата BFM.

Еден човек е приведен во средата вечерта во близина на Париз, а истражителите веруваат дека тој бил присутен на местото на злосторството во моментот кога се случил грабежот.

Подоцна беше објавено дека петмина од нив се уапсени.

Да потсетиме, на 19 октомври, среде работно време, четворица маскирани напаѓачи упаднаа во познатата галерија Аполо – местото каде што се чуваат француските кралски накит – и украдоа скапоцен накит, откривајќи сериозни пропусти во безбедносниот систем на најпосетуваниот музеј во светот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Макрон: Значително ги забавивме негативните трендови на глобалното затоплување

Двајцата мажи уапсени минатиот викенд „делумно признале“ дека учествувале во грабежот, потврди париското обвинителство.

И покрај новите апсења, скапоцените камења – кои се проценуваат на милиони евра – сè уште не се пронајдени.