Минчев: Максим ќе победи убедливо во Куманово – Центар е последното гнездо на бизнисот на двоецот Венко – Заев

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ, Горан Минчев, во гостување во Тема на денот во Дневникот на Сител ТВ се осврна на вториот круг од локалните избори, истакнувајќи дека Движењето ЗНАМ влегува во вториот круг со силна поддршка во Куманово и Центар.

„Нашиот претседател и актуелен градоначалник на Куманово, господинот Максим Димитриевски, реализираше над 800 капитални инвестиции во изминатите години. Граѓаните тоа го препознаа и во првиот круг му дадоа огромна поддршка со разлика од околу 11.000 гласа. Очекуваме дека таа разлика во вториот круг ќе биде уште поголема, затоа што граѓаните знаат кој може во континуитет да го води Куманово стабилно, чесно и со резултати.“ – изјави Минчев.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ дава максимална поддршка на Лабудовиќ во Центар - очекува негова победа на 2 ноември

Тој нагласи дека Движењето ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат конструктивно партнерство во рамки на Владата, кое се темели на заеднички цели и резултати.

„Ние градиме партнерска политика со нашиот коалиционен партнер во Владата, ВМРО-ДПМНЕ. Ги очекуваме и нивните гласови, како што и ние дадовме поддршка на нивните кандидати во другите општини. Тие 33 општини кои ги освои ВМРО-ДПМНЕ се резултат и на нашата поддршка.“ – додаде тој.

Минчев истакна дека резултатот во Куманово ја покажа катастрофата на СДСМ, партија која не само што не успеа да влезе во втор круг, туку падна на четвртото место во градот.

Дополнително, Минчев се осврна и на состојбата во Општина Центар, која ја опиша како последното гнездо на овозможување на бизнисите на двоецот Филипче – Заев, потпомогнато, како што рече, од актуелниот градоначалник Горан Герасимовски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ракометарите на Македонија ја пречекуваат Јапонија во Куманово

„Во моментов Центар е една од општините што најбрзо издава градежни одобренија. За време на мандатот на Герасимовски се издадени над 300 одобренија за градба, што остава огромен простор за сомнеж во нетранспарентни зделки и корупција. Зад тие градежни бизниси стојат неколку компании поврзани со Герасимовски, Филипче и Заев. Првиот ешалон е бизнис-кругот што профитира од градбите, вториот ешалон се луѓе во самата општина, задолжени за занаетчиски работи, фасади, плочки, инсталации. Тоа е класичен модел на корупција и клиентелизам.“ – нагласи тој, додавајќи дека граѓаните во Центар се разочарани од ваквиот начин на владеење.

„Ако ги погледнете резултатите, 68 проценти од граѓаните се изјаснија против политиките на Горан Герасимовски. Тоа е сигнал дека Центар сака промена, а не продолжение на криминалните урбанистички политики.“ – заклучи Минчев.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Ќе воведеме бесплатна паркинг зона во МЗ Панче Пешев и БС Гојчо за резидентите

Движењето ЗНАМ останува посветено на принципите на транспарентност, одговорност и конкретни резултати во секоја општина.

Интегрално соопштение