Кушнер: Трамп забележа дека Израелците малку излегуваат од контрола

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп забележа дека Израелците малку излегуваат од контрола откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нареди напад врз лидерите на Хамас во Доха минатиот месец, изјави зетот и врвен советник на Трамп, Џаред Кушнер.

Тој, во заедничко интервју за Си-Би-Ес со специјалниот американски претставник Стив Виткоф, рече дека израелскиот напад го натерал Трамп да сфати „дека е време да биде силен и да ги спречи да прават работи за кои сметаше дека не се во нивен долгорочен интерес“.

Во таа прилика, Виткоф рече дека тој и Кушнер „се чувствувале малку предадени“ и дека израелскиот напад во Катар ги запрел преговорите бидејќи Катар бил преговарачка врска со Хамас, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп воведува олеснувања за производството на автомобили во САД и нови тарифи за увоз на камиони

„Тоа имаше негативен ефект бидејќи Катарците беа клучни за преговорите, како и Египќаните и Турците. Ја изгубивме довербата на Катарците“, рече Виткоф, додавајќи дека по тоа Хамас се повлече во илегала.

Виткоф дознал за нападот во кој израелските власти, како што наведоа, го таргетирале високото раководство на Хамас во Доха, наутро откако бил извршен во текот на ноќта, а Трамп напишал на социјалните мрежи во тоа време дека одлуката ја донел премиерот Нетанјаху, а не тој.