Британскиот министер за одбрана Џон Хили денес изјави дека авионите на неговата земја ќе продолжат да летаат над Полска до крајот на оваа година, бидејќи е продолжена посветеноста на Велика Британија на мисијата на НАТО „Источна гарда“.
„Исто така, го зголемуваме производството на беспилотни летала за Украина“, изјави тој за новинарите пред почетокот на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел.
Министрите за одбрана на земјите-членки на Алијансата денес се состануваат во седиштето на НАТО во Брисел, а состанокот ќе го води генералниот секретар Марк Руте.