Кумановец ги тепал родителите, а при приведување нападнал полицаец

Сподели со своите пријатели

Четириесет и осумгодишен кумановец физички ги нападнал своите мајка и татко, а откако полицијата дошла да го приведен, нападнал и полицаец.

– На 10.10.2025 во 18:10 часот во кумановско село, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода И.З.(48) од селото, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 73-годишен татко дека во семејниот дом физички ги нападнал него и неговата 72-годишна мајка, искршил дел од покуќнината, а при приведување нападнал и полициски службеник, кој извршувал службени дејствија, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МРК Куманово поразен од РК Струга со гол во последна секунда

Никола Ивановски