Нов обид за измама со лажна сообраќајка, граѓаните се помалку наседнуваат

Сподели со своите пријатели

Граѓаните се помалку наседнуваат на обидите за измами со лажни сообраќајни несреќи и покрај упорноста на измамниците.

Најновиот случај кој вчера бил пријавен во полиција е обид за измама на жена од Старо Нагоричане, која не наседнала на сценариото.

– На 09.10.2025 во 15:50 часот во СВР Куманово, 57- годишен маж пријавил дека едно лице се обидело да ја измами неговата мајка од општина Старо Нагоричане, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и ѝ кажало дека наводно член од нејзиното семејство предизвикал сообраќајна незгода во Прешево и ќе биде потребна одредена сума на пари за да плати адвокат, по што таа се посомневала дека станува збор за измама и прекинала.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шахини негира дека неговата сопруга стои зад обидот за негово убиство (ВИДЕО)

– Секторот за внатрешни работи Куманово апелира до граѓаните да бидат претпазливи, особено повозрасните лица кога им се јавуваат непознати лица и да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги.

И во изминатите денови имаше пријави за обиди за измами, но граѓаните не наседнуваат и случаите веднаш ги пријавуваат во полиција.

Никола Ивановски