Кошаркарите на Куманово утре со почеток од 18 часот на домашен терен го пречекуваат составот на Маџари во рамки на 2. коло од домашниот шампионат.
Сепак, избраниците на Марин Докузовски, пред празни трибини ќе го дочекаат дебитантот во Првата лига, составот на Маџари, поради суспензија која им се провлекува од минатата сезона, а која ќе важи за уште неколку натпревари кои тимот ќе ги игра во реконструираната Спортска сала Куманово.
Интересно е што гостинскиот состав го предводи Миодраг Тодоровиќ, кој неколку сезони во минатото играше во Куманово.
Никола Ивановски