Трајковски: Раководството на Куманово има други планови, каде нема место за мене

Сподели со своите пријатели

Крилниот центар Бојан Трајковски, кој минатата сезона ја заврши во редовите на КК Куманово, но потпиша и за оваа сезона, сепак се предомисли и ќе замине да игра за Сигал Приштина, Косово.

Информацијата за неговото заминување како што пренесе порталот СпортМедиа, ја потврдил и тој самиот, додека пак за Кумановски Муабети од управата на КК Куманово рекоа дека во договорт кој Трајковски го потпишал со нив имало клауза која му овозможувала слободен премин во друг клуб.

Трeбa да се биде искрен и да се каже дека ситуацијата во Куманово не е онаа истата од пред десетина дена, односно дека раководството на клубот има некои поинакви планови во кои нема место за мене. Впрочем, јас имав ‘отворен договор’ со нив. Истиот вели дека во случај на понуда од странство можам да си заминам од Куманово. Одам во Приштина и со една друга цел, да ги оставам сите овие работи кои ми се случија во изминатиот период зад себе – вели Трајковски за СпортМедиа.

Кои се плановите на управата на КК Куманово засега не е познато.

Инаку, Трајковски моментално се наоѓа пред дисциплинска комисија за суспендија од Македонската кошаркарска федерација, заедно со Антиќ и Самирџиски. Но, сепак и покрај конфликтот кој го има со селекторот Раца, Бојан Трајковски потврдил дека стои на располагање за игра во националниот тим, за разлика од Антиќ и Самарџиски кои децидно ја добија понудата и пиради што им се заканува крај на кошаркарската кариера.

 

Loading...