Се урна хеликоптер во Сиднеј, има загинати

Сподели со своите пријатели

Еден маж загина, а еден тинејџер е хоспитализиран кога хеликоптер се урна денес во југозападен Сиднеј, соопшти австралиската полиција.

Во полициското соопштение се наведува дека службите за итни случаи биле повикани на местото на несреќата во предградието Бенкстаун, 18 километри југозападно од центарот на Сиднеј, денес околу 13:30 часот по локално време, јавува австралискиот канал „9news“.

Службите за итни случаи пристигнале и му укажале помош на мажот, кој сè уште не е идентификуван, но починал на местото на настанот.

Уште еден 19-годишен маж бил лекуван од сериозни повреди пред да биде однесен во блиската болница во критична состојба.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ГЕРМАНИЈА ВО ГОТОВНОСТ: Мистериозни дронови над аеродромот во Минхен

Како што е наведено, двајцата мажи биле во хеликоптерот во времето на несреќата.

Полицијата отворила истрага за причината за несреќата, според соопштението.