Лишен 32-годишник кој подолго време демнел девојка од Куманово

Сподели со своите пријатели

Триесет и двегодишник од Куманово бил приведен поради следење и вознемирување на девојка подолг период.

– На 01.10.2025 во 12:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.К.(32) од Куманово. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба поради постоење сомнение за сторено кривично дело „демнење“ по член 144-а од Кривичниот законик, односно дека подолго време следел и вознемирувал 28-годишна девојка од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од МВР, на 09.04.2025 во СВР Куманово, девојката го пријавила случајот, по што од страна на судија од Основен суд Куманово била изречена мерка претпазливост за недоближување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нов обид за измама со лажна сообраќајка во Куманово

– По преземени мерки, вчера тој е пронајден и лишен од слобода и во службен разговор го признал делото. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски