Најмалку 11 лица загинаа во Газа во текот на ноќта и утрово, објави Ал Џезира, повикувајќи се на изјави од локалните болници.
Едно лице го загуби животот утрово во бомбардирањето на градот Газа од страна на израелските сили, според извори од локалните болници.
Во текот на ноќта, според палестинската агенција Вафа, спасувачите извлекле девет тела од под урнатините во градот Газа.
Дополнително, најмалку едно лице е убиено, а девет се ранети во напад врз шатор за сместување на раселени лица.
Се наведува дека израелските сили продолжиле да апсат Палестинци низ Појасот Газа.
Уапсени се 15 лица, вклучувајќи и едно 14-годишно момче.