Заталкан куршум оштетил автомобил на булевар во Куманово

Сподели со своите пријатели

Заталкан кушрум вчеравечер оштетил автомобил паркиран на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово.

– На 26.09.2025 во 20:04 часот во СВР Куманово, Б.П.(48) пријавила дека на булевар „Октомвриска револуција”, нејзиното паркирано патничко моторно возило „фиат пунто” било оштетено од заталкано зрно од огнено оружје, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Зрното, како што додаваат, е подигнато и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Започнаа „Ноемвриските денови“ – Со низа настани Куманово ќе одбележи 506 години постоење